небреме

чист воздух издишувам

го рециклирам смогот

цигара без филтер сум

за издувни гасови

догорувам додека логорувам

на студен оган сам

сушам влажни мисли

чекам да се роди ден

без повторување, се чудам

дали мајка му е знаењето

заб на ова време, глад

блесок, молња, небреме.

 

 

небреме

Жртва

За работите кои се важни,

да се биде во право

или да изгубиш сѐ…

кој е твојот избор,

ако треба да се откажеш,

што би избрал Ти?

 

Жртва или жртва?

 

Жртва